Царовска: Целта е да имаме граѓани кои во себе ги имаат и ги живеат граѓанските вредности

by Fokus

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска оствари средба со универзитетски професори во врска со предложената нацрт-концепција за основно образование.

Царовска по средбата во изјава за медиумите нагласи дека на средбата било заклучено оти оваа реформа ќе направи значителен исчекор во подобрување на квалитетот на основното образование.

– Навистина конструктивни коментари, позитивно насочени професори кои веруваат во тоа дека оваа реформа ќе направи значителен исчекор во подобрување на квалитетот на основното образование, а со тоа понатаму ќе се направи притисок и за другите нивоа на образование да станат подобри, се со цел да имаме понатаму граѓани кои во себе ги имаат и ги живеат граѓанските вредности, но исто така имаат и и знаења и компетенции со кои стануваат конкурентни на пазарот во светот, но притоа придонесуваат за развој на нашата држава, нагласи Царовска.

Емилија Петрова Ѓорѓева, декан на Педагошкиот факултет од Штип при Универзитетот Гоце Делчев истакна дека сите се сложни во едно, а тоа, како што рече, е дека секое време носи свои предизвици и дека ваква реформа е неопходна.

– Оваа концепција е поставена на современи сфаќања, е многу амбициозна и се потпира на европски документи. Во концепцијата се дадени контурите на нештата кои ни даваат насоки и акција како да делуваме понатаму. Мислам дека во тие насоки и таа акција ако се вклучат сите чинители на воспитно образовниот процес ќе дадеме придонес за подобрување на оваа концепција се во интерес на нашите ученици, рече Петрова Ѓорѓева.

Поврзани новости