Царовска: Опозицијата како да ликува кога има поголем број на заразени

by Фокус
Опозицијата цел овој период се занимава со политиканство, наместо како една зрела опозиција да нуди решенија, особено поради тоа што имаат претставник во Владата, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска во „360 Степени“.
-Дури како да ликуваат во одредени моменти, кога има поголем број на заразувања, што е тажно и драматично. Но, тоа зборува за нив – рече Царовска.
Таа додаде дека полицијата не санкционирала за непочитување на мерките што ги носи Владата.
-Ова уште повеќе укажува зошто ни е потребно сите институции да бидат со целосен капацитет и целиот државен апарат да служи за заштита на здравјето на граѓаните. Не е само примерот во МВР за таа нивна нефункционалност и негрижа за тоа како се справува оваа држава – порача Царовска.

Поврзани новости