Царовска нема концепт, предметот историја се брише кога се негира нашиот идентитет, јазик и историја, критикува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Денешната прес-конференција на министерката Мила Царовска, на која покрај неа, беа наредени и сите други функционери од Министерството за образование и наука и од Бирото за развој на образованието, како и група експерти, веројатно за да и дадат сила и самодоверба на министерката, не понуди ниту еден дополнителен елемент од она што беше презентирано минатата недела, критикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Царовска на којашто беше презентиран новиот концепт за образование.

-Во концепцијата се бришат изборните предмети кои се групираат во природни науки и општествени науки. Тоа значи дека нема физика и хемија, интегрирани се, но нема ни историја и тоа во ваков момент на историски настани за Македонија кога се негира идентитетот, јазикот и историјата на нацијата, а целата концепција се прави со цел учениците да имаат функционално знаење, соодветно на општествените збиднувања и реалниот живот. Нешто тука е контрадикторно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека најдобро би било целата концепција да се повлече и да се почне со креирање на друга, но после, како што велат, навистина спроведени консултации со сите релевантни фактори во образованието.

Поврзани новости