Царовска најави целосно затворање на прашањето со стечајците

by fokus

Веднаш ќе бидат обештетени сите стечајни работници од фирмите во општествена, односно државна сопственост, кои ги исполнуваат условите за тоа, најави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Доколку има потреба, за решавање на барањата за кои ќе се процени дека не исполнуваат одреден услов, може да се размислува за амандманска интервенција во законот. Сакаме целосно да го затвориме прашањето со стечајците. Нема селекција на фирмите. Опфатени се сите фирми согласно законот што биле во општествена, односно државна сопственост. Се примаат сите барања во моментов и имаме рок од 60 дена да ги решиме. Сите кои согласно законот ги исполнуваат условите ќе бидат решени веднаш во првиот бран. Барањето се остварува од моментот на поднесување. Доколку тоа е поднесено на 25 септември од тогаш и ќе им важи правото на надомест на стечајците, рече министерката.

 

Поврзани новости