Царовска на средба со претставници на МАНУ: Реформите се неопходни ако сакаме подобри резултати

by Fokus 11:03
11:03

Министерството за образование и наука соопшти дека дебата за предложените реформи во основно образование денеска е организирана со  академици од Одделението за општествени науки на Македонската академија на науките и уметности (аМАНУ), на која присуствуваа министерката за образование и наука и заменикот, Мила Царовска и Арафат Шабани, членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието.

Главни теми во дискусијата, за кои МОН наведува дека се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки, се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како и претстојните обуки на наставниците.

- Advertisements -

– Го имаме најтранспарентниот процес досега. Од големо значење е и мислењето на академиците коишто доаѓаат токму од Одделението за општествени науки за предвидената интеграција на предмети за поефикасно учење кое треба да ги подобри резултатите. Добивме многу конструктивни коментари, особено од наставници од пракса во изминатиот период, но и од други засегнати страни кои ќе бидат земени предвид, рече Царовска.

Како што информира МОН, министерката посочи дека досегашните резултати од меѓународните и домашните тестирања покажуваат функционална неписменост кај ученици.

 

– Сите меѓународни и домашни извештаи и анализи упатуваат дека се потребни реформи со кои нашиот образован модел ќе се прилагоди на оној во земјите со современи образовни системи. Тоа укажува дека ни се нужни неодложни реформи во основното образование, ако навистина се грижиме за идните генерации и сакаме да фатиме чекор со современиот свет. На нашите деца им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот, рече Царовска на средбата.

Откако ќе биде донесена, планот е концепцијата да се имплементира постепено во период од шест години, почнувајќи во прво и четврто одделение од идната учебна година.

-За успешно спроведување на целиот процес, МОН и Бирото за развој на образование се обврзуваат дека реформата ќе ја дочекаат подготвени и ќе се направи максимум наставниците да ја поминат потребната обука, соопшти Министерство за образование и наука.

Најави дека и во наредниот период со различни групи засегнати страни ќе продолжат консултациите за концепцијата  за основно образование, која е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма.

– Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите и учениците, додава МОН во соопштението.

Поврзани новости