Царовска ќе го тужи Боки 13 за клевета

by fokus

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска демантира дека кога била министерка за труд и социјална политика му давала поддршка на Бојан Јовановск. Тој на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ укажа на соработка со тогашната министерка Царовска.

-Парите кои се уплаќани кај Љиљана Тодоровска и Јасна Мандиќ се за авторските права за идејното решение за што се е легално и имаат платено данок. Поддршка имав и од Мила Царовска тогашната мининстерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев. Ние всушност функцииниравме како министерство за сицијала згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање?, рече Боки 13 во својот воведен збор.

Царовска остро демантира каква било поврзаност со проект и каква било соработка со невладината Меѓународен Сојуз, а најавува и тужба против Боки 13 за клевета.

-Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично  ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки, вели Царовска.

Поврзани новости