Царовска ќе ги мотивира средношколците со 3500 денари

by Fokus

Министерството за образование и наука заедно со Швајцарската амбасада и со Швајцарскиот проект „Образование за вработување во Северна Македонија“(Е4Е@мк) на работилница ги планира активностите за следните 5 години за вложување и развој на средното стручно образование во државата.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на отворањето на работилницата истакна дека концептот на дуалното образование е привлечен за младите затоа што нуди квалитетно образование, а теоретските знаења од училиштето се надоградуваат со знаења и вештини што учениците ги стекнуваат на конкретно работно место преку практична работа и за таа цел еден од главните приоритети на МОН е токму унапредувањето на средното стручно образование.

Министерката посочи дека токму како резултат на овој дијалог на ниво на држава се оформија 97 паралелки во 46 средни училишта кои заедно со над 200 компании од есен ќе спроведуваат концепт на дуално образование, а компаниите беа наведени во конкурсот за запишување во средните училишта.

„Министерството за образование и наука реализираше и целосно нова политика на стипендирање за новата учебна година. Предвидени се 2.000 стипендии во вредност од 3.500 денари на месечно ниво за 9 месеци во годината за сите кои ќе се запишат во дуална паралелка.  Ова е одличен мотив за средношколците додека учат истовремено да имаат и приход “, рече Царовска.

Поврзани новости