Царовска испрати инспектори во гевгелиската градинка

by fokus

Откако во јавноста се појави видео на кое се слуша силно плачење на дечиња во гевгелиска градинка, а според Јулијана Ортаковска, која го објавила видео записот на својот „фејсбук“ профил, негователката им се обраќала на децата со погрдни зборови (кучко, краво една), со реакција се јавија од Министерството за труд и социјална политика.

-Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи од немилиот настан во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок. Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата, веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени  на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај, информираат од министерството.

 

 

 

 

Поврзани новости