Царовска: Да не се расфрламе со пари, можно е наставниците да предаваат онлајн, за да не се грее цела училница

by Fokus

Министерката за образование, Мила Царовска најави дека е можно наставниците да предаваат и онлајн од дома, за како што рече, да не се загрева цела училница за еден наставник.

„Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди“, кажа министерката по посетата на ОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Поврзани новости