Царовска: Часот во основно ќе трае 30 минути, а во средно 35 минути

by fokus

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на денешната прес конференција истакна дека владата донела план за тоа како ќе тече учебната година.

-Владата на денешната седница го усвои планот за учебната 2020/21 година. Овој план ги објаснува сите чекори кои треба да ги превземат училиштата за заштита од Ковид-19. Предвидена е комбинирана настава, онлајн и физичка настава. Физичка настава е предвидена во училиштата која ќе ги исполни предвидените услови. Децата од прво до трето одделение ќе ја следат наставата со физичко присуство. Но даваме и избор да ја следат наставата онлајн, по одлука на родителите. Наставникот ќе го сними часот и ќе го испрати на учениците кои се дома. Или да оддржи час само за овие ученици кои следат настава од далечина, рече Царовска, која додаде дека постои можност за физичка настава и за повисоките одделенија, во кои ќе има помалку од 20 ученици.

Часот, во основното образование ќе трае 30 минути, а во средното образование часовите ќе траат по 35 минути, потенцираше министерката.

Поврзани новости