Царкњас се противи на одлуката на Вартоломеј: Не може да ја признаат црквата без народ

by Fokus

Архимандритот Никодим Царкњас, македонски монах во Грција не ја одобрува одлуката на Вселенската патријаршија за признавање на МПЦ-ОА за канонска. Според него, ова е политичка одлука и нема врска со вистината.

-Не може да ја признаваат црквата без народ. Народот не се вика охридски, тоа е македонски. Охридската архиепископија е историско име, но народот се вика македонски. За жал, вселенскиот партијарх се однесува како политичар. Тоа е голем срам од МПЦ. Апелирам да не се прифати ова и да се чека. Поглаварот г.г. Стефан треба да даде молби за правното име, вели архимандритот во видео-обраќање.

Според него, не треба да потклекнеме на бугарската пропаганда.

– Не може да биде епархија на српската партијархија. Не може мајката да биде ќерка на овие цркви, ниту на СПЦ, ниту на БПЦ. Ќе биде најголем срам ако МПЦ прифати ваква одлука. Треба да издржиме. Се ќе биде во ред, ќе се среди и украинско-рускиот проблем. Трпение-спасение. Мир и вистина на сите, да мирувате и да не се предаде името Македонија, додаде Царкњас.

Поврзани новости