„Цариградски емигрант” –  Нов роман на Луан Старова

by Fokus

Издавачкиот центар ТРИ, го објави најновиот роман на писателот Луан Старова – „Цариградски емигрант”, осумнаесеттиот, по ред од, неговата ,,балканската сага’’.

Неуморниот автор, академик Луан Старова, и во „Цариградски емигрант, успешно продолжува  да ја следи и во романескни структури, да ја пренесува,емигрантската сага на своето семејство, која трае од крајот на XIX век до наши дни.

Во овој, тематски повеќеслоен роман, се следат и бурните настани во времето на распадот на Османската империја и создавањето на нова Турција, со  бурни историски последици на Балканот.

Старова, романот му го посветува на Али Фети Окјар, познат во историската литература и како Македонецот, кој бил роден во Прилеп, соученик и близок пријател на Мустафа Кемал Ататурк, уште во битолската воена гимназија.

Али Фети Окјар, покрај пријателството со Ататурк, бил и негов прв премиер на земјата, кој останал на високи позиции се до 1943 година, инаку човек во роднински врски со семејството Старова.

За прв пат кај нас , по Мустафа Кемал Ататурк, се расветлува ликот на  Македонецот, чиј живот бил поврзан со Македонија и која заслужува намошни истражувања.

Во мошне упатниот поговор, писателот Ферид Мухиќ, меѓу другото, нагласува:

,,Во романот емиграцијата се открива во сите свои противречности и величественост – како мака и спас, како сигма и како привилегија, за да се кристализира во неспоредливо чувство на метафизички копнеж…Токму во таа и таквата метафизика на емиграцијата емигрантскиот копнеж трепери, проблеснува и добива конкретни контури во романот Цариградски емигрант. Со тоа Луан Старова се промовира како еден од најдобрите познавачи и толкувачи на феноменот на емиграцијата како универзална состојба на човечкиот дух.’’

Делата на писателот Старова,се преведувани на дваесетина јазици и според странската критика, спаѓаат во редот на големите европски романи.

Веле Митаноски

 

Поврзани новости