Цаноски во „ТНТ“: Ахмети ми рече дека уривањето на „Космос“ е бидејќи татко ми преминал од ВМРО-ДПМНЕ во СДСМ

by fokus

Синот на Фијат Цаноски, Сефер, денеска сведочеше на рочиштето за случајот ТНТ, за рушењето на објектот „Космос“. Тој истакна дека побарал помош од неколкумина политичари и бизнисмени да се сопре рушењето.

„Одговорот на Ахмети беше: Пред да доаѓаш, јас се слушнав, поради тоа што татко ти ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отишол со СДСМ, а не дошол ниту со ДУИ, многу тешко тој случај би се решил”, сведочи Сефер Цаноски.

Цаноски додаде дека помош побарал и од бизнисменот Орце Камчев, но тој му порачал дека е близок со Сашо Мијалков, кој не е поврзан со случајот. Рушењето биле во директни координации на тогашнот премиер Никола Груевски.

Поврзани новости