Цаноски: Преминот во опозиција го платив со „Космос“

by Фокус 10:51
10:51

Моето преоѓање во опозицијата беше клучно да посегнат по мене, вели Фијат Цаноски откако лидерот на СДСМ Зоран Заев објави ауди снимки кои откриваат како премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се координираат за уривањето на комплексот „Космос“.

– Секако, улога имаше и тоа што дадов поддршка и застанав зад А1 телевизија, но сепак мислам дека кучната улога ја имаше тоа што застанав во редовите на опозицијата – изјави Цаноски во интервју за Фактор.

- Advertising -

Тој додава и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски пред повеќе од три години му признал дека наредбата за „Космос“ доаѓа „од горе“.

Поврзани новости