„Труст“ е новата истрага на СЈО, осомничени се три лица и три фирми

by fokus 13:25
13:25

„Труст“ е новата истрага на СЈО, а која се однесува на злоупотреби сторени во тендерската документација за ископ и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“, Битола.

Три физички и три правни лица се осомничени во случајот „Труст“ при што, како што обелодени обвинителката Фатиме Фетаи со фалсификувани документи биле злоупотребени 1 милијарда и 60 милиони денари.

„Станува збор за добивање тендери и за тоа како еден конзорициум со фалсификувани документи успеал да добие тендер при што заработил 1 милијарда и 60 милиони денари“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Првоосомничен во случајот е управител на Трансмет, второосомничен е управител на Силекс неметали СТ од Кратово, а третоосомничен е управител на Вато Доо Студеничани Скопје.

Обвинителката Фетаи рече дека случајот е отворен врз основа на прислушувани разговори, дел кои се објавени, а дел за кои јавноста не е запознаена.

 

Поврзани новости