Трудовата инспекција го посети Панчевски

by fokus

По пријавата од раководителот во службата за човечки ресусри, Горан Стаменковски, денеска трудова инспекција влезе во Кривичниот суд.

Стаменковски се жали дека бил деградиран во службата од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски.

Од судот пак, тврдат службеникот бил тргнат од одделението за човечки ресурси од неодамна, затоа што не си ја сработил задачата, односно не направил акциски план за 400 вработени.

Од таму додаваат дека постапките на Стаменковски, кои ескалирале со инцидентот со портпаролката, довеле до нарушување на меѓучовечките односи поради што е поведена и дисциплинска постапка која може да резултира и со кривична одговорност.

Стаменковски пак, тврди дека пресметката на претседателот Панчевски е поради тоа што учествувал во Шарената револуција.

-Од кога му стигнала фотографијата од Министерството за правда, поточно од Бришковска, дека јас сум учествувал на протестите во Приемното одделение им соопштил да не ми даваат повеќе пошта, а по некое време со задолжение ме премести во Одделението за санкции и ме дислоцираше во друга зграда- се жали Стаменковски.

Инаку, за притисоци во судот се пожалија 11 соработници кои биле прераспределни на друго работно место. Од судот, велат дека четворица од нив ги повлекле потписите бидејќи „не знаеле што потпишуваат. “

Поврзани новости