Трпеновски: ДКСК ќе го прегледа целиот случај со Рашковски

by Фокус

Членот на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси Горан Трпеновски најави дека Комисијата ќе ги испита сите индикатори по допрен глас поврзани со имотот на секретарот во Владата Драги Рашковски.

-Ние како ДКСК ќе го видиме анкетниот лист на Драги Рашковски и потоа ќе отвориме процес во соработка со финансиската полиција. Ние треба да видиме дали има сразмерност помеѓу платата и приходите и стекнатиот имот – истакна Трпеновски на Телма.

Откако вчера беше обелоденето дека Рашковски вози џип од над 70 илјади евра кој не му е пријавен во анкетниот лист, денес излезе информација дека неговото семејство гради луксузна куќа во Побожје.

Поврзани новости