Трпчевски побара извинување од Секуловска, доби лекција по правопис

by fokus

Стојан Трпчевски, уредникот на Информативната програма на МТВ, побара од порталот „Нова“ да се објави демант за текстот на Биљана Секуловска: „Јавниот сервис МРТВ – симбол на прогандно оружје” објавен на истиот портал. „Нова“ му го објави демантот во целост.

-Најостро ги демантирам обвинувањата дека како Уредник на информативната програма сум вршел цензура и притисоци врз новинарите, како и дека сум спроведувал пропаганда. Барам јавно извинување и повлекување на изнесените невистини согласно членовите 13 и 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, вели Трпчевски во демантот.

Секуловска му одговори дека нема да му се извини, зашто нема причина за тоа и му укажа на правописните грешки во демантот.

-Јавно извинување и повлекување на текстот нема да следи, затоа што нема ниту една причина за таков потег. Но, важно е да се знае дека Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета подразбира дека е нарушен нечиј углед и нечија чест, па ме интересира- дали Трпчевски ќе ги цитира меѓународните организации и институции кои секако дека пишуваат за неговата чест и неговиот углед, кога пишуваат извештаи за  непрофесионалното работење на информативната редакција на МТВ. Инаку, за да не биде во заблуда публиката, целиот текст на Трпчевски е објавен во оргинал-тоа  е и појаснувањето зошто во ваква форма е пренесен. Затоа што, “уредник” се пишува со мала буква, а не со голема, како што тој напишал во демантот- имено,  кога станува збор за титула, односно звање, тие се пишуваат со мала буква, за да го почитуваме правописот, освен ако не станува збор за обраќање кон  високи државни и црковни функции: Ваша Екселенцијо, Ваше Височество, Ваша Светост, Неговата Екселенција, Неговото Височество. Секако, во уметноста е дозволена и слободна форма,  да се импровизира со правописот, во име на други, уметнички цели. Од друга страна, “Информативната програма” се пишува со голема буква, вели Секуловска во одговорот.

Поврзани новости