Тројцата нови членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави во Собранието

by fokus

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието.

Судиите Радевска-Стефкова, Герасимовски и Николовски влегуваат во Судскиот совет, откако добија најголема поддршка од нивните колеги на спроведените избори на 14 септември.

Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови на Судскиот совет, Киро Здравев, Гордана Спиреска и Зоран Теофилоски, кои заминаа во пензија.

Поврзани новости