Тројца убиени, петмина повредени при напад на студио за јога на Флорида

by Fokus 19:11
19:11

Три лица се убиени, а петмина се повредени при напад на студио за јога во трговски центар во главниот град на Флорида, соопштија денеска официјални претставници.

Напаѓачот убил две лица, по што извршил самоубиство.

- Advertisements -

Шефот на полицијата изјави дека засега неидентификуван напаѓач, кој бил сам, влегол во студиото и почнал да пука.

Градоначалникот Ендру Џилам, кој е демократски кандидат за гувернер, ја прекина кампањата и се врати во Талахаси, каде што ги посети повредените во болницата.

Поврзани новости