Тројца уапсени поради предизвикување на пожар

by fokus

Полицијата од СВР Скопје, денеска лишила од слобода три лица поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05:28 часот било пријавено дека настанал над село Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

Како што информираат од Министерството за внатрешни рабти, полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но, биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли.

Од МВР велат дека лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници.

Поврзани новости