Тројца со ножеви го боделе починатото момче од Струмица

by Fokus

Основното јавно обвинителство Струмица отвори истрага против три лица, двајца мажи и една жена кои се сомничат дека како соизвршители го сториле убиството што се случи завчера во Струмица во Турското маало на улица „Бетовенова“.

Според соопштението од ЈО во попладневните часови на 5 јули, на улицата „Бетовенова“ во Струмица, по настаната вербална расправија, тројцата осомничени лишиле од живот едно лице и со умисла го довеле во опасност животот на тројца други оштетени.

-Расправијата започнала за паркинг место пред куќа, по што сите тројца осомничени со ножеви му задале повеќе убоди на сега почнатиот. Тој паднал на земја и починал на лице место. Кога членовите на неговото семејството се обиделе да му помогнат на оштетениот, осомничените и нив ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди-убодни рани со нож, стои во денешното соопштение на Обвинителството.

Инаку, судија на претходна постапка од Основниот суд во Струмица го прифатил предлогот на надлежниот јавен обвинител и на тројцата осомничени синоќа им определил притвор во траење од 30 дена.

Поврзани новости