Тројца скопјани уапсени поради марихуана

by Fokus

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје и Лешок биле уапсени три лица, откако биле фатени со марихуана, велат од МВР.

„На 23.07.2021 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Г.Љ.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.07.2021 во 00.10 часот на паркинг на локалниот пат во тетовско Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Ф.(22) од скопско Дворце-Радуша, затоа што кај него била пронајдена марихуана.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

На 22.07.2021 во 22.15 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости