Тројца скопјани уапсени откако биле фатени со марихуана

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, тројца жители на Скопје биле уапсени, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана.

„На 13.02.2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ го лишиле од слобода Г.Р.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.02.2020 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Перо Наков“, ги лишиле од слобода М.Д.(27) и А.Ш.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Поврзани новости