Тројца штитеници во еден ден исчезнале од домот „25 Мај“

by Fokus

Тројца штитеници од Домот „25 Мај“ вчера исчезнале, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир, социјална работничка во домот „25-ти Мај“ пријавила дека на 08.05.2018 година во 08.30 часот во непознат правец се оддалечиле тројца штитеници на домот на возраст од 18, 13 и 15 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Поврзани новости