Тројца пратеници и министер под лупата на Антикорупциска

by fokus

Тројца пратеници и министер се под лупа кај Антикорупциската комисија бидејќи во нивните фирми, по стапувањето на функциите, поставиле блиски лица сопружници и роднини.

Станува збор за пратениците Љупчо Пренџов од ГРОМ, Скендер Реџепи од Алтернатива, Абдула Салиу од Aлијанса и министерот за земјоделство Аријанит Хоџа за кои антикорупционерите едногласно одлучија да се отвори постапка. Доколку се потврдат наодите во постапката тие ќе треба да платата казна која според членот 105 од законот за спречување корупција изнесува од 300 до 500 евра.

Поврзани новости