Тројца пациенти од Велес, Скопје и Тетово починаа од Ковид 19

by Fokus

Тројца пациенти починаа од Ковид 19, покажува денешниот извештај на министерството за здравство.

На скопската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 78-годишна пациентка од Велес, хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

Поврзани новости