Тројца пациенти ја напуштаат Инфективната клиника, утре можно е да бидат пуштени уште четворица

by Frosina Fakova

Тројца пациенти кои имале два контроли теста кои покажале дека се негативни на ковид 19, денеска ја напуштаат Инфективната клиника и си заминуваат дома, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Утре се чекаат резултатите од тестовите на четворица пациенти, за кои ако се покаже и по втор пат дека се негативни на вирусот, уште утре ќе ја напуштат клиниката во добра општа состојба.

Со денешните тројца излечени пациенти, бројката на пациенти кои успешно се справиле со вирусот се искачи на 23 лица.

Поврзани новости