Тројно убиство во Дебар

by fokus

Во Дебар синоќа се случи тројно убиство. Смртно се застрелани маж, неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Полициската станица од општа надлежност во Дебар за настанот добила дојава од граѓанин, по што била известена Општата болница. Екипа на итната медицинска помош веднаш приситгнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.

„На 26.08.2018 година во 20.45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e убиство. Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54) и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот“, велат од МВР.

Мотивите за тројното убиство се непознати.

Поради тежината на кривичното дело тоа е под надлежност на  јавното обвинителство од Гостивар.

Од Секторот за внатрешни работи од Охрид информации за случајот најавија во текот на денов.

Поврзани новости