Тројката европратеници ќе ги кандисуваат Груевски и Заев

by Фокус

Европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит денеска во Скопје се очекува да се сретнат со партиските лидери за да помогнат во изнаоѓање решение за излез од ситуацијата, откако САД и ЕУ ја презентираа својата оценка околу условите за одржување на изборите на 24 април, а пред денешното распуштање на Собранието.

Посетата на тројцата пратеници на Скопје на својот Твитер профил синоќа ја најави евроамбасадорот Аиво Орав од Брисел посочувајќи дека денеска е последна шанса за партиските лидери да пронајдат решение и оти за тоа треба да помогнат тројцата европратеници.

Вајгл, Кукан и Ховит учествуваа во разговорите за догоровот од Пржино од јуни/јули 2016 година.

Изборите би можеле да се одржат на 5 јуни доколку до тогаш бидат исполнети сите точки од Пржинскиот договор. Доколку пак, до вечер нема договор изборите ќе се одржат на 24 април.

Поврзани новости