Трите услови на Ванхауте за излез од кризата

by Фокус

Поранешниот посредник во преговорите Питер Ванхауте смета дека повлекување на аболицијата, откажување на изборите и експертска влада се решение за кризата.

Ванхаите нагласи дека за овие прашања нема место за преговори и порача дека актуелната коалиција ја има одговорноста да ги реши овие проблеми.

„За се` може да се преговара, но не за демократските принципи, како што се владеење на правото и фер избори. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се` уште се во Владата, тие ја имаат главната одговорност да ги поправат овие проблеми“, изјави Ванхауте.

Тој нагласува дека време е за итни реформи во клучните области како, што се медиумите, судството и финасиите со цел да се врати земјата на демократскиот пат.

Ванхауте потенцира и  дека граѓанското општество е клуч за решавање на кризата, а оти актуелната Шарена револуција е важна за да го одржува притисокот врз сите политички партии за да дојдат до конструктивно решение.

Поврзани новости