Трипуновски: Заев ги виде крушевчани само кога се возеше со скап мотор низ градот

by fokus
Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, испрати силни критики кон владејачката СДСМ, поради како што вели, запоставувањето на Крушево и неговите граѓани.
„Тажна е глетката која ја гледаме, славно Крушево и крушевчани оставени да се снаоѓаат сами како знаат и умеат. СДСМ повеќе од година ипол нема ниту еден проект, ниту една инвестиција, власта воопшто не се грижи за овој крај, вели Трипуновски.

Крушевчани велат дека претставниците на власта го заборавија Крушево, никој не дошол во градот година ипол, единствено го виделе Заев кој наместо да отиде во Крушево службено и да ги слушне нивните проблеми, со своите другари на скап мотор се шетал низ градот приватно, без да се заинтересира како живее обичниот крушевчанец.

Младите како и од целата држава така и од Крушево се иселуваат, СДСМ не само што не го запре тој тренд туку и го забрза, младите не гледаат перспектива со оваа власт и бегаат е заклучокот на крушевчани.

Трипуновски нагласи дека ова е поради слабиот капацитет на власта, која освен на кримимал не мисли на ништо друго. Тој потенцира дека СДСМ само декларативно се залага за ЕУ, а во реалноста прави се спротивно од тоа.

За ова агонија која и се случува на државата да запре мора СДСМ да си замине, вели Трипуновски. Колку побргу, толку подобро. Пред штетите што ќе ги направат да бидат ненадоместливи“, заклучи тој.

Поврзани новости