Крушевчани велат дека претставниците на власта го заборавија Крушево, никој не дошол во градот година ипол, единствено го виделе Заев кој наместо да отиде во Крушево службено и да ги слушне нивните проблеми, со своите другари на скап мотор се шетал низ градот приватно, без да се заинтересира како живее обичниот крушевчанец.
Младите како и од целата држава така и од Крушево се иселуваат, СДСМ не само што не го запре тој тренд туку и го забрза, младите не гледаат перспектива со оваа власт и бегаат е заклучокот на крушевчани.
Трипуновски нагласи дека ова е поради слабиот капацитет на власта, која освен на кримимал не мисли на ништо друго. Тој потенцира дека СДСМ само декларативно се залага за ЕУ, а во реалноста прави се спротивно од тоа.
За ова агонија која и се случува на државата да запре мора СДСМ да си замине, вели Трипуновски. Колку побргу, толку подобро. Пред штетите што ќе ги направат да бидат ненадоместливи“, заклучи тој.