Тринаесетгодишник со југо удрил во бетонски ѕид, повреден е и неговиот татко

by Fokus

Тринаесетгодишник возел југо и удрил во бетонски ѕид, повредени се и сопатниците се него, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена околу 17.00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница кон Дебар, 13 годишен малолетник од Кавадарци управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки со прикачена лесна приколка удрил во бетонски ѕид. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Гостивар  е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д.(31) од Кавадарци и М.М.(37) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости