Тринаесет партии бараат целосно исклучување на Фидес на Орбан од ЕПП

by Фокус

Тринаесет партии членки на Европската народна партија, која е најголемото политичко семејство во ЕУ, денеска повикаа да се исклучи Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави МИА.

Во писмото упатено до претседателот на ЕНП, Доналд Туск, се наведува дека случувањата го потврдиле нивното убедување дека Фидес со своите сегашни политики „не може целосно да има корист од членството во ЕНП“.

Меѓу нив се претседателите на 13 од 82-те партии членки на ЕНП, но ниту една од најголемите политички партии, особено германската ЦДУ и Шпанската народна партија, не се приклучија на ова барање.

Сепак, барањето на овие тринаесет партии ќе му овозможи на Доналд Туск да започне постапка за исклучување.

Инаку, ова ќе биде трет пат да се разговара за вакво барање во врска со партијата на Виктор Орбан.

Претходните обиди пропаднаа затоа што неговите сојузници во ЕНП, особено ЦДУ, одбија да гласаат за исклучување.

Како што е познато, Фидес е суспендирана од ЕНП од март 2019 година.

Поврзани новости