Тринаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешијата

by fokus

Девет лица од Кавадарци и четири од Неготино се регистрирани позитивни на корона вирус денес. Најмладиот помеѓу нив има 11 години, а највозрасниот 59 – информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Сите се тестирале поради пројавени симптоми, а дури девет од нив не знаат како се инфицирале.

Во Неготино позитивните се на возраст од 25 до 42 години.

Засега сите остануваат на домашно лекување, се следи нивната состојба, потврдуваат од центарот.

Во Кавадарци бројот на активни случаи е 74, додека во Неготино изнесува 24.

Вики Клинчарова

Поврзани новости