Тригодишно дете е тешко повредено во судир меѓу камион и автомобил

by fokus

Три годишно дете е тешко повредено по сообраќајка во тетовско помеѓу  товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици управувано од И.Е.(27) и патничко моторно возило “Волксваген Пасат“ со тетовски регистерски таблици, управувано од К.М.(33), двајцата од с.Порој.

Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 18.00 часотна локалниот пат с.Требош-с.Џепчиште, тетовско, во близина на пругата. Тригодишното дете било сопатник во патничкото моторно возило “Пасат“, и по сообраќајната незгода со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиникиот центар во Тетово, од каде било препратено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани новости