Трифонов: За 3:1 за Македонија гласаа сите освен мојата партија

by fokus

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска коментирајќи ја изјавата на македонскиот министер Бујар Османи дека Македонија го добила спорот со Бугарија со 3:1 потсети дека неговата партија не гласала за овој резултат во бугарскиот Парламент.

-Северномакедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи за ТВ Сител го изјави следново: ‘Исходот од преговорите со Бугарија заврши со 3 спрема 1 за нас. Го зачувавме јазикот, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ и ги оставивме историските прашања надвор од патоказот. Бугарија доби промена на Уставот некаде на средината на процесот – по почетокот на преговорите. Поради тоа сметам дека тоа беше добар компромис’, напиша Трифонов.

Тој ги наброја партиите кои гласаа „за“ францускиот предлог.

-За овој резултат – 3:1 за Северна Македонија, во бугарскиот парламент  гласаа„Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, ДПС, „Демократска Бугарија“, а БСП беа воздржани.
„Има таков народ“ гласаше „против“.
п.с. Не заборавајте дека исмејувањето на бугарската историја и меморија и одбивањето веднаш да се заштитат правата на Бугарите во Северна Македонија, а не некаде во далечна иднина, е една од причините поради која падна владата на Кирил Петков, напиша Трифонов.

Поврзани новости