Триесет луѓе утринава го украле телото на починат пациент од инфективно во Струмичката болница, кој претходно бил тестиран за Ковид 19

by Fokus

Триесет луѓе денеска ја скршиле вратата на инфективното одделение во Струмичката болница и го земале пациентот, кој починал, а на кој претходно му бил направен тест за Ковид 19, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „Фокус“.

Според информациите, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на Ковид 19 и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не. Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.

Според инспекторите од ДСЗИ кои во моментот се на терен во струмичката болница, триесет луѓе дошле по телото на починатиот, ја скршиле вратата и сосе кревет го извадиле надвор и со комбе го транспортирале.

Во моментот, инспекторите се уште вршат увид во документацијата и што точно се случило, па ќе излезат со официјални детали.

МВР ќе го испитува случајот.

Ирена Мулачка

Поврзани новости