Триесет граѓани сакале да патуваат со лажни PCR тестови – полицијата ги откри на „Деве Баир“

by fokus

На граничниот премин „Деве Баир“ при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции денеска откриле 30 PCR тестови за Ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.

Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки биле одземени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Двајца албански државјани, како што се посочува, биле лишени од слобода и биле изведени пред судија на претходна постапка.

За останатите 28 патници, македонски државјани ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство по член 206 и член 378 од Кривичниот законик, стои во соопштението.

Поврзани новости