Tribunus Civilis: Правдата кај граѓаните

by Фокус 11:40
11:40

Нефункционалните институции кои ја испразнија можноста од донесување правда во македонското општество упатуваат на потребата од мобилизација, апел и делување кон повторното воспоставување на правдата.

Дополнително, неизвесниот исход од политичката криза во македонското општество создаде простор и време за ново промислување на улогата на граѓанскиот сектор во политичките процеси. Водејќи се од овие координати на актуеланта политичка ситуација, се формираше Симболичкиот суд на правда на граѓанското општество – Tribunus civilis, и работи со полна пареа. Во неговата работа учествуваат личности кои се истакнале со својот професионален и човечки кредибилет, меѓу кои има адвокати, јавни интелектуалци, професори, лекари, новинари, граѓански активисти, студенти, претставници на невладини организации и други граѓани.

- Advertising -

Иако Tribunus civilis нема никакви правни и извршни ингеренции, на едно симболичко рамниште, тој ќе работи од името на граѓаните и само за граѓаните, а со цел правдата да добие минимална видливост.

Tribunus civilis, ќе биде важен катализатор на тразинитирањето и демократзацијата на македонското општество и има намера да врши притисок врз партиите, во насока тие да не ја заборават правдата. Затоа, ќе работи целосно независно од партиските преговарања. Судот има намера целосно да ја реанимира улогата на граѓанското општество во Македонија, и него да го постави како главен фактор наспроти државата и партиите.

Фунционирањето на Судот го следи примерот на Раселовиот трибунал, во насока да процесуира симболичка, но, транзициска правда. Симболичките судови се формираат, вообичаено, кога во некое општество ќе настапат вонредни околности поради кои се деформирал демократскиот принцип, па настанале такви ситуации од кои произлегуваат контроверзните теми и дилеми. Таква е ситуацијата и со македонското општество. Имено, македонското општество мора да се соочи со својата мрачна страна, а дијаболичните егзибиции никако не смеат да бидат заборавени. Судот ќе ги отвори темите кои “се пикаат под килимот”. Судот ќе документира едно време на неправда , која не смее да се заборави.

Tribunus civilis секогаш ќе суди симболички, во еднодневни сесии. На сесиите ќе се покренуваат обвиненија, ќе се сослушуваат сведоци, ќе има и можност за одбрана. Сесиите ќе може и да се следат во живо преку “livestreаm“, или да се прегледуваат на “youtube“. Во тек е подготовка и на web страна. Јавноста ќе има можност да следи, но и да учествува активно во ова симболично процесуирање на правдата.

Tribunus civilis, нема екслузивистички претензии и има и свои меѓународни пријатели кои го поддржуваат трибуналот и придонесуваат во неговата работа. Па така, на некои од престојните сесии тие ќе учествуваат, и тоа во својство на сведоци; станува збор за странски екперти и јавни интелектуалци.

Tribunus civilis, за почеток, ќе се занимава со кривичните дела за кои јавноста се запозна преку т.н. „бомби”. Но неговата улога нема тука да застане, напртотив. За оваа првична задача на судот, распределени се четири поголеми кластери на кривични дела (КД) кои произлегоа од “бомбите”:
1. КД поврзани со изборни измами;
2. КД поврзани со полицска бруталност и пречекорување на надлежности на МВР;
3. КД за нарушување на уставниот поредок – мешање на властите ;
4. КД поврзани со корупција и предизвикани од лукративни мотиви.

За секоја група на овие КД , ќе се екипираат тимови од симболички судии и истражители, сведоци-експерти и граѓани инволвирани во настаните.
Првата сесија на симболичното судење на Tribunus civilis, ќе се одржи многу скоро, непосредно пред божиќните празници.

Од граѓаните и за граѓаните,
Тribunus Civilis
[email protected]

Поврзани новости