Трибунис Цивилис утре ќе суди за „Злосторства против јавните пари“

by fokus 13:11
13:11

„Трибунис Цивилис“ или граѓанскиот суд утре ќе го одржи четвртото „судење“ на тема „Злосторства против јавните пари“. Сесијата ќе се одржи во читалната на Правниот факултет со почеток во 12 часот.

-Оваа сесија ќе биде посветена на организираниот криминал поттикнат од лукративни мотиви, на системска и систематска корупција, која, се чини дека, и покрај повремента промена  на властите во Македонија – останува тука. Имено, се чини дека  “културата на корупција и на клиентелизам” сублимно е напластена во нашите контигентни вредносни ситеми. Такавата култура е фактички конзервиран сопатник на секоја Власт. Во Македонија, како да постои тенденциозна намера, впрочем, корупцијата и криминалот да се “нормализираат”, да се релативизираат. Оттука, сисијата оправдано ќе се занимава со овој проблем, велат од „Трибунис Цивилис“.

- Advertisements -

На ова судење главен судија ќе биде Петар Гошев, а помошници судии ќе бидат Јадранка Костова и Александра Гавриловска. Обвинението ќе го застапува Сашо Ордановски, а одбраната Бранимир Јовановиќ.

Поврзани новости