Три од 12 ноќни клубови со важечка лиценца не исполнувале минимални технички услови, покажа вонредната контрола на ДПИ

by Fokus

Теренската контрола на Државниот пазарен инспекторат донесе нови шокантни сознанија за состојбата на кабареата и дискотеките во Македонија.

– Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Од вчера направената контрола на 12 активни објекти со активна важечка лиценца, три од нив не ги исполнуваат минималните технички услови, а сепак имале активна лиценца за вршење дејност.

За останатите девет е во тек проверка на документацијата. Веднаш до министерството за економија ќе се испрати барање за одземање на лиценцата и забрана за вршење дејност.

На терен се над 10 тимови кои вршат контрола, ќе се проверат сите до детал. Сакам да информирам дека имаме и план за оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.

Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија. Тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција – истакна портпаролот на Владата, Марија Митева.

O.K.

Поврзани новости