Три лица тешко повредени по директен судир на патот Ресен-Охрид

by fokus

Три лица се тешко повредени откако два автомобили се судрија на патот Ресен – Охрид во близина на месноста Крушје. Останатите патници се здобиле со полесни повреди. Сите повредени се пренесени со Итна помош во охридската болница „Св. Еразмо“.

Според информации од полицијата еден од автомобилите во несреќата бил со охридски регистарски таблички, а другиот со вевчански.

Поради сообраќајната несреќа движењето по автопатот беше во прекин од 20.30 часот, но е повторно пуштен за сообраќај откако заврши увидот на полицијата.

Поврзани новости