Три лица повредени кај Штип кога комбе излета од автопатот

by Fokus

Три лица се здобија со повреди, од кои едно со тешки повреди  вчера на  автопатот Миладиновци- Штип, откако комбе излета од патот, информираа од министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излета надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип“, соопштија од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа.

Поврзани новости