Три лица идентификувани за палењето на бугарското знаме

by fokus

Три лица се идентифукувани за палењето на бугарското знаме во Вевчани, потврдуваат од полицијата. Во соработка со Обвинителството против нив ќе има поднесок, но за какво кривично дело ќе одговараат ќе одлучи јавен обвинител.

Бугарското знаме беше запалено кога се палеа маските на завршетокот од Вевчанскиот карневал. Веднаш следуваше вербален демарш од Бугарија, но и осуда од македонските институции.

Инаку карневалот годинава беше откажан, но сепак се собраа дел маскирани жители, а интервенираше и полицијата поради непочитување на здравствените протоколи во време на пандемија.

Поврзани новости