4
Три лица кои учествуваа во инцидентите при прослава на денот на албанското знаме, кога беше запалено македонското државно знаме, добија притвор.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8-дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото“, информираа од кривичниот суд.
Приведените лица се сомничат за кривичното дело од чл.319 ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме.