Три години за Павлески и година и два месеци затвор за Георгиевски за нападот врз Зијадин Села

by Fokus

На три години затвор е осуден Стојан Павлески, а на една година и два месеци е осуден Цео Георгиевски, обвинети за насилство врз пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април 2017 година.

На претходното рочиште обвинетите Павлески и Георгиевски признаа вина, откако претходно обвинителот Дарко Јакимовски за нив го преквалификува кривичното делото од обид за убиство во насилство. За ова кривично дело е запретена казна од најмалку 6 месеци до пет години.

Судијката Славица Андреевска денеска оваа пресуда ја соопшти во Кривичниот суд, образложувајќи дека не е утврдено дека двајцата обвинети извршиле насилство врз Села, но извршиле насилство во законодавниот дом.

„Во никој случај не може да се оправда насилство во Собранието и истото не смее да остане неказнето. Ако некој си зема за право да изврши насилство каде што се носителите на законодавната власт мора и да ги сноси последиците – истакна судијката Андреевска, која што појасни дека казната за Павлевски е повисока бидејќи тој е првиот кој го пробил кордонот и влегол во прес-салата.

В.В.

Поврзани новости