Три дена пред вакцинација со руската вакцина не смее да се пие алкохол и да се јаде мрсна храна

by fokus

Оние кои ќе се вакциниранаат со „Спутник Ви“ не смеат да пијат алкохол, да јадат тешка и мрсна храна, ниту да бидат под стрес три дена пред да ја добијат дозата, вели рускиот државен здравствен инспектор, Ана Попова.

„Алкохолот, тешката храна, особено фаст-фудот не се посакувани три дена пред вакцинацијата. Исто така, пацинетот не смее да биде под стрес пред да ја прими вакцината, бидејќи одвојувањето на адреланинот и на хормоните на стресот може да доведе до замаеност, па дури и до губење на свеста. Лицата кои се склони кон алергии треба да пијат антихистамини еден ден пред да се вакцинираат и ден потоа”, предупредува Попова.

Според директорката на Роспотребнадзор, Руската федерална служба за контрола на здравјето и правата на пациентите, не треба да се консумираат алкохолни пијалоци 42 дена по првата доза од вакцината, а вакцинираните треба да се откажат и од цигарите.

„Меѓу првата и втората доза, во тој период од 21 ден е неопходно доволно време за телото да создаде имунитет. Во истиот период, вакцинираните треба престанат со пушење цигари, бидејќи тоа може да ги надразни белите дробови и да го попречи дишењето“, вели Попова.

Поврзани новости