Тргнала на концерт во Охрид, излетала од патот: Повредена Добрила Чабриќ!

by fokus

Популарната Добрила Ивановска Чабриќ (93), која го освои регионот со своето пеење и харизма во шоуто ,,Никад није касно” на кое ја освои победата, синоќа доживеала сообраќајна незгода. Со нејзиното возило Опел, таа околу 20.40 часот излетала од коловозот на магистралниот пат Ресен –Охрид, на влезот на селото Свиништа, по што со тешки телесни повреди била пренесена во Специjaлната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Нејзини блиски за „Фокус“ ја потврдија веста за сообраќајната незгода на Добрила. Велат дека се чувствува добро и не ја напушта позитивната енергија.

-Добрила синоќа ни кажа дека ќе оди првин на роденден, па потоа на концерт во Охрид. Иако има 93 години, таа постојано вози, многу е самостојна и енергична. Кај неа, во Стар Дојран, постојано има некој, домот и е полн со луѓе, таква е, друштвена, не запира. Се слушнавме телефонски по незгодата, добра е- потврдуваат нејзините блиски.

Кога се појави во музичкото шоу пред неколку години, таа изјави дека победата и е круна на се што работела во минатото. -Мислам дека ќе живеам 100 години и имам време да направам уште многу работи. Не сакам по оваа победа да исчезнам како комета-раскажуваше Чабриќ, која ја освои публиката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости